СДСМ: Сите знаеме што мислат крушевчани за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Фактот што од последните локални избори во 2009 година, бројот на активни жители во Крушево е преполовен од 3.500 на 1.800 доволно говори што мислат граѓаните на Крушево за владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во писмената реакција на СДСМ, по пресконференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Крушевчани знаат дека приватизацијата на ТП „Универзал“ е извршена од страна на вработените, според модел на откуп со кој сите вработени беа обезбедени. Наместо да измислуваат приказни за кандидатот на СДСМ, Ташули Јуца, ВМРО-ДПМНЕ треба да биде позагрижен за незадоволството кое граѓаните се погласно го искажуваат за нивната клановско–фамилијарна власт во Крушево, која 20 години си има свој градоначалник на општината.

Ташули Јуца е почитуван граѓанин на Крушево, кој ужива голем углед и авторитет во рамките на целата Општина.

Тоа го потврдуваат и неговите сограѓани на секојдневните средби во населените места во Крушево. Груевски и ВМРО – ДПМНЕ не можат да избегаат од сопствената одговорност за штетата што им ја направија на Крушевчани – тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана