СДСМ: Сите знаат за злоупотребите со социјалните станови, Груевски да каже за срушеното ромско маало

Од:

„Никола Груевски единствено интензивно го уништуваше стандардот, животот и спокојот на граѓаните на Р. Македонија.

Залудно сега, после 10 години, Никола Груевски лажно ветува кров над глава или парче леб за ранливите категории граѓани во земјава.

Граѓаните не му веруваат на Груевски. На сите им е јасно како оди распределбата на социјалните станови и какви злоупотреби се прават со нив.

На бодовните листи највисоко котирани се активисти на ВМРО-ДПМНЕ коишто имаат живеалишта, а најдолу се оние коишто се без дом и коишто живеат во импровизирани живеалишта.

Такови примери има многу а највпечатливи се примерите во Ресен, Демир Хисар и Прилеп.

Груевски наместо да се фали со распределба на станови на партиските активисти, нека објасни зошто го сруши т.н. ромско маало, кај полигонот во Скопје, без да се обезбеди соодведно вдомување на граѓаните?

Зошто се дозволи над 100 дечиња да останат без живеалиште и кров над глава?

Криминалното владеење на Никола Груевски коешто им нанесе огромна штета на граѓаните, особено на ранливите категории граѓани, завршува.

Доаѓаат демократски промени на коишто граѓаните ќе изберат нова, одговорна Влада предводена од СДСМ којашто вистински ќе се грижи за сите граѓани“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски