СДСМ: Сите злоупотреби на институциите биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните секојдневно гледаат што се случувало за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Секојдневно се објавуваат нови докази, одекнуваат сведоштва за монструозни планови и тешки злоупотреби на партизираните институции, на МВР, на УБК, во време на режимот на Никола Груевски.

Сите овие злоупотреби биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија на која генерален секретар бил Христијан Мицкоски, човекот што добил бизниси за хидроцентрали од владата на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и симбол за злоупотреба на институциите за најголемиот скандал за прислушување во Европа.

Граѓаните многу добро знаат кој со години нелегално ги следеше нивните комуникации. Јавноста и граѓаните се згрозени од вистината, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски ги следела лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како ги снимала домовите на новинари и интелектуалци противници на режимот.

Низ јавна, транспарентна постапка, преку сведочења на обвинети лица, јавноста дозна за монструозноста на планот на ВМРО-ДПМНЕ дури и по цена на човечки жртви да не дозволи пад на нивниот режим.

После сите овие признанија, врв на лицемерие денес анитнародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ некого да обвинува за незаконско следење.

Лагите и лецемерието на ВМРО-ДПМНЕ е целосно прочитано од граѓаните, бадијала шират лаги.

Започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година. Одговорност ќе има“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа