СДСМ: Системот функционира, пожарите се со катастрофални размери, да се покаже одговорност

Од:

СДСМ со загриженост го следи развојот на настаните со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата. Станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, предизвикана е голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси велат во соопштение од СДСМ.

-Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик.Кризната состојба ќе им овозможи на институциите на посоодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите и ќе овозможи активирање на сите капцитети со кои во моментов располага Република Северна Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Од СДСМ апелираат сите политички партии во овие моменти да покажат сериозно ниво на одговорност, да се воздржат од сензационалистички настапи, неодговорно пласирање конструкции и да ги поддржат институциите и ангажираните луѓе кои се справуваат со пожарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски