СДСМ: Силна поддршка од Црна Гора за демократски промени во Македонија

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор на партијата, Љупчо Николовски, учествуваат на Осмиот конгрес на сестринската Социјалдемократска партија на Црна Гора (СДП), којшто денеска се одржува во Подгорица, Црна Гора.

„Во обраќањето пред делегатите, генералниот секретар Спасовски, ја акцентираше посветеноста и истрајноста на СДСМ, опозицијата и големиот број граѓански здруженија за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

SDSM_SDP K_3

Спасовски се заблагодари на силната поддршка што Претседателството на Конгресот на СДП ја даде на СДСМ и претседателот Зоран Заев во борбата за слобода и демократија во Македонија.

SDSM_SDP_K_

Поддршка за напорите за демократски промени во Република Македонија упатија и повеќе говорници на Конгресот, меѓу кои и претседателот на Социјалдемократска партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ. Тој изрази подготвеност силната поддршка да ја акцентира и за време на неговата посета на Република Македонија.

SDSM_SDP K_2

На Конгресот на СДП беше емитувано и со посебно внимание проследено видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?