СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Од:

Каква е улогата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во новите сценарија за бегство на Никола Груевски од Унгарија? Ова прашање се поставува имајќи ја предвид посетата на Сиљановска на Турција, а во контекст на информациите дека Никола Груевски не може да обезбеди азил во оваа земја, нагласуваат од СДСМ.

– Има ли разговори зад очите на јавноста поврзани со Никола Груевски? Дали власта преку Сиљановска бара нови канали и решенија за заштита на Груевски? По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија.

Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски. Дали Сиљановска има улога? Дали ќе го спасува новиот Ванчо Михајлов во ВМРО, Христијан Мицкоски од судбината на предавник? Сиљановска-Давкова, има и формални извршни надлежности за вакви процеси, освен нејзината дипломатска улога. Една од тие надлежности е аболиција, односно помилување на Никола Груевски по рецептот на Ѓорѓе Иванов, доколку не обезбеди престој во некоја земја.

Токму затоа, активностите на Сиљановска мора да бидат транспарентни и во интерес на граѓаните, а не во функција на заштита на поединци. Јавноста очекува одговори. Граѓаните не смеат да бидат сведоци на нов обид за политичко спасување на Никола Груевски од одговорност, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра