(ВИДЕО) СДСМ: Шуто Оризари жолтее, им делат апчиња со поминат рок од 11 години

Од:

„Град Скопје и надлежните претпријатија не се на терен во Шуто Оризари. Ги излажаа граѓаните. Еве овде сме и луѓето самите кажуваат. Нема свежа вода, како што тврдеше Град Скопје. Нема цистерни. Нема екипи од комуналните претпријатија што работат на чистење на отпадот.

Токму овде, на улица „Пелагонија“ излеани се фекалии од поројните дождови, што дополнително може да биде ризик фактор за ширење на жолтицата. Од наши сознанија регистрирани се две нови дечиња, од О.У 26 јули, со заразна жолтица. Тоа говори дека жолтицата не стивнува како што велат од Центарот за јавно здравје. Тоа што не се преземаат никакви мерки придонесува кон зголемување на бројот на инфицирани.

Apcinja so pominat rok 1

Еве што е врв на се. Погледнете ги апчињата за дезинфекција на водата, што власта им ги дели на жителите на Шуто Оризари, во услови на епидемија.

Рокот за употреба на апчињата е истечен во ноември 2003-та година! Апчињата се стари 11 години!

Малку е што луѓето немаат елементарни услови за живот, немаат пристап до чиста вода, па и можноста да добијат средства за прочистување на водата им е одземена.

Додека власта ва Груевски гради 18 милионско панорамско тркало во ризик од заразна жолтица, се бремени жени и деца.

Apcinja so pominat rok 2

Апелираме до Никола Груевски, да го советува неговиот градоначалник Коце Трајановски, веднаш да дојде да види што се случува во оваа општина и да преземат мерки за заштита на граѓаните.

Одговорноста од дополнителна ескалација на состојбата ќе ја сносат лично Трајановски и неговиот претпоставен Груевски“, изјави на денешната прес-конференција Мила Царовска, претседателка на Комисија за труд и социјална политика, СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку чини чаната на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски