СДСМ: Што направи власта кога дозна дека има голема смртност од листерија во Македонија?

Од:

Наместо Агенцијата за храна и ветеринарство да ги паничи граѓаните со нецелосни информации за позитивни мостри од колбаси од домашни фирми, без барем се да прецизира кои се тие, власта на Никола Груевски е должна да одговори што преземале надлежните органи, откако Одделението за контрола и надзор над заразните болести алармирало дека во Македонија е регистрирана висока стапка на смртност од бактеријата, 2,9 проценти повисока од онаа во европските земји, во последните неколку години – реагираат од СДСМ.

Оттаму прашуваат дали надлежните органи навреме ги засилиле мерките за безбедност на храна и дали била зајакната, како што е препорачано, контролата врз производството и преработката во месната и млечната индустрија и контролата во трговијата.

„Дали бил издаден налог на граничните случби за зајакнати контроли на храната од увоз? Ова се некои од препораките на Комисијата за заразни болести, што надлежните институции биле должни да ги спроведат. Дополнително, по напишаното во вчерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ за можна епидемија, јавноста има право да знае, дали партијата на Груевски се истрча во обидите за политички напади или нешто знаат?“ – прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата