СДСМ: Што и да најавува Груевски доцна е, збогум Никола!

Од:

„Замислените вработувања и инвестиции на Никола Груевски во Македонија, иселија над 600.000 граѓани во странство, според последните официјални податоци од Светска банка.

Резултатите од вработувањата и инвестициите на Груевски се над 10.000 затворени фирми. Секоја трета од фирмите е со блокирана сметка.

Илјадници семејства се на улица. Над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Граѓаните гледаат во своите џебови и фрижидери и знаат.
Вработувања и инвестиции има само во главата на Никола Груевски.

Во реалноста Македонија е 12 земја по беден живот од 180 земји во светот.

Во реалноста, само најновото задолжување на државата од Груевски и тоа за негови предизборни цели е над 500 милиони евра.

На крајот на годината долгот на граѓаните и Македонија што им го прави Груевски ќе достигне неверојатни над 5 милијарди евра, што значи земјава влегува во групата високо задолжени земји со 60 проценти од БДП.

Никола Груевски им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија. После 10 години, што и најавува Никола Груевски доцна е“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“