СДСМ: Шокароски е само декор во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Господине Хари, во минатото се обидовте да одржите прес – конференција на која граѓаните увидеа дека не можете да читате нити од идиот камера, реагираат од СДСМ.

Освен што, велат, неколку пати бевте декор на пресовите на ВМРО ДПМНЕ, а за собранието на Република Македонија и да не зборуваме, затоа што нити еднаш не се имате јавено за збор со цел да ги одбранете интересите на Охрид, туку само бевте дел од слепите послушници – гласачи по налог на партијата.

Од друга страна, место да мафтате со Договори за дело, кои се сосема легитимна законска форма и место да зборувате лаги, кажете кое дело го направивте за Охрид во вашиот пратенички мандат.

Ви препорачуваме да ја прегледате прес – конференцијата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, каде што ќе видите што точно Петрески направи за Охрид, а во исто време коректное да почуствувате засраменост од тоа што лекар бевте соучесник во пропаѓањето на здравството во Охрид.

Докторе Хари, вашето место во ова време би требало да е во операциона сала, каде што ќе се надоградувате за она за што сте учеле.

Освен капиталните инвестииции кои ги гледате на скапите скијачки центри и летни одморалишта каде патувате, како и капиталните инвестиции направени од Петрески во градот, не постои нити едно дело позади кое стои вашиот труд и глас. Се извинуваме, ќе заборавевме на едно капитално дело, а тоа е панорамскиот автобус кој Владата го поклона на Охрид.

Вие немате кредибилитет да прозивате луѓе кои работат, но затоа ние Ве прашуваме, дали водата на собраниската говорница е газирана или не?

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО