СДСМ: Шест дена шпицниот градоначалник Мицкоски молчи за неговите раце во тендерот од 136 милиони евра

Од:

„Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски веќе шест дена молчи и не одговара за неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра. Јавноста целата измината недела слушаше меѓусебни обвинувања за незаконско постапување меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и сега поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, инаку поранешен шеф на кабинет на Христијан Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Откако блиски соработници на Мицкоски се фатени живи „со рацете во медот“, односно во тендерот од 136 милиони евра, инаку наменет за пречистителна станица за Скопје, шпицниот градоначалник Мицкоски се крие и не одговара за неговата улога во тендерот.

Добро е што надлежните институции започнаа да го истражуваат сомнителниот тендер од 136 милиони евра и треба овој случај да се истражи до крај, а за секој за кој ќе се докаже вина, да следува и одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски