СДСМ: Сега законите важат за сите подеднакво, ВМРО-ДПМНЕ e криминална партија која брани криминал

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која бранеше и се уште брани криминал. Признанијата и бројните судски пресуди и предмети против функционерите од ВМРО-ДПМНЕ се потврда за тоа, како што се Титаник, Тврдина, Топлик, Тенк, и многу други“, соопшти СДСМ.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, институциите, судството и обвинителството беа под целосна контрола на криминалната врхушка на власта. Наместо да гонат, штитеа криминал. Дополнително, на никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, напротив.

Кога се објавуваа криминалните скандали преку така наречените бомби ВМРО-ДПМНЕ ги негираше, за денеска да ги признае во целост.

Дел од овие криминални случаи се и за актуелни пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, соработници на Христијан Мицкоски.

За целиот овој криминал до денеска Христијан Мицкоски ниту еднаш се нема извинето, од никого не побарал оставка ниту пак одговорност. Напротив, под инструкции на Никола Груевски до денеска ги штити.

Има голема разлика тогаш и сега во делот на владеењето на правото.

Сега законите важат за сите подеднакво, без разлика кој на која позиција или функција во одреден момент се наоѓал. Тоа е владеење на право за којашто сите ние се залагавме и правиме се да обезбедиме независни правосудни органи.

Тие имаат обврска да постапуваат по закон и во една транспарентна постапка да се докаже дали имало некакви злоупотреби, дали и кој треба да понесе одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?