СДСМ: Сега е време на одговорност, заемна почит и помош во борбата против коронавирусот, секој човек е важен!

Од:

„Денес го живееме времето кога сите ние сме еднакви пред предизвикот заеднички да се бориме со опасниот вирус од кој е погоден речиси целиот свет и воедно е време кога треба да се покаже вистинска колективна одговорност, заедничка акција и солидарност.

Затоа што само така, сите заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот.

Со цел да им се помогнеме на институциите, на јавното здравство, секој преку свој пример и преку лична одговорност Владата и надлежните министерства постојано апелираат да се остане дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце“, велат од СДСМ.

„Граѓаните да ги слушаат препораките и да останат дома, затоа што така си помагаме и себе си и на другите.

Ситуацијата во светот е многу тешка, тажна и страшна. Заразата не бира кого ќе го нападне. Таа ги напаѓа сите луѓе.

Во Италија има огромен број на жртви, а многу тешко е и во Шпанија.

Потребно е и младите да ја разберат сериозноста на ситуацијата и да ги прекинат собирите,затоа што вирусот може да биде многу опасен за најблиските, за родителите, бабите, дедовците, за луѓето кои многу потешко би се избориле со болеста.

Благодарение на медиумите со своето одговорно и професионално однесување денес имаме информирана јавност.

Сега е време на одговорност, заемна почит ипомош во справување со коронавирусот. Затоа што секој живот е важен и секој човек е важен!

Ова се тешки времиња, но затоа тука е државата преку пакет економски мерки да им помогне на компаниите,на граѓаните.

Нашата татковина е во кондиција да обезбеди најголема помош по глава на жител споредено со земјите од соседството.

Само сите заедно, сплотени ќе го победиме невидливиот непријател и заедно ќе се справиме со сите економски последици“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов