СДСМ: Се урна лажната слика за земјоделската политика на актуелната Влада

Од:

„Вчерашната собраниска надзорна расправа за земјоделските субвенции ја погоди целта.
Лажната слика за земјоделската политика на актуелната Влада се урна“, реагира СДСМ на прес конференцијата на министерот за земјоделство и неговиот заменик.

Денешната панична реакција на министерството за земјоделство , велат од СДСМ, не може да ги покрие фактите дека за распределбата на субвенциите има многу примери за очигледни злоупотреби и криминал и дека на еден голем дел на земјоделци се уште не им се исплатени буџетските средства што законски им следуваат.

„Јавноста се уште нема одговор кој е точниот износ исплатен за земјоделски субвенции во 2011 година. Кој не ја говори вистината, дали премиерот кој тврдеше дека износот е 115 милиони евра, агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството во својот извештај посочува дека биле исплатени 93 милиони евра, а министерот за финансии во завршната сметка навел дека износот е 64 милиони евра? Што се однесува за конкретни примери за злоупотреби ќе бидат изнесени нови докази кои ќе ги демантира Димовски и Коњановски“, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија