СДСМ: Резултатите од ДИК покажуваат неизвесност за бројот на пратеници

Од:

„И првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија потврдија дека режимот на Никола Груевски е поразен, граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени.

Објавените првични неофицијални резултати на ДИК покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати. Мал број гласови се одлучувачки за бројот на мандати во неколку изборни единици. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на бројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период. Ваквите проблеми коишто имаат влијаните врз конечкиот исход од изборите, се констатирани и од набљудувачите на изборниот процес.

До прогласувањето на конечните резултати од ДИК едно е кристално јасно. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце.

Во Македонија промените се случуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он