СДСМ: Се редат скандали во општините под ДПМНЕ, Пецаков доделил пари на клуб во кој е основач

Од:

Се редат скандали во општините под капата на ДПМНЕ. По сомнителните набавки на машини по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач. Над 250 илјади евра, како што е објавено во Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година, се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка, се вели во соопштението од СДСМ.

– Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков. Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!? Надлежно обинителство треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.

Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат. Исто така постои сомневање за судир на интереси, бидејќи директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец. Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ, а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните. Ништо не се менува во ДПМНЕ, тоа е истата партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан