СДСМ: Се повторува 24-ти декември, овојпат во Советот на Општина Карпош

Од:

Насилничкото и недемократско однесување кон народните избраници манифестирано на 24 декември од страна на власта на Никола Груевски, вечерва го продолжи и неговиот коалиционен партнер Стевчо Јакимовски, врз советниците од СДСМ, велат од партијата.

Советниците на СДСМ кои се спротиставија на милионското задолжување на граѓаните на општина Карпош, беа како што велат насилно влечени, туркани, навредувани и спречувани да зборуваат од говорница.

Денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски, Ве задолжи Вас и вашите деца со нови 2.5 милиони евра. Она што се случуваше на седницата на Советот на општина Карпош, обидот да се скрие од јавноста вистината, дека општината се наоѓа пред финансиски колапс, доведе до тежок скандал кој не доликува на ваква урбана, градска и културна средина, се вели во соопштението на СДСМ.

Sovet na O.Karpos 3

Sovet na O.Karpos 4

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната