СДСМ: Се потврди она што го говоревме, изјавите дека пратеник бил киднапиран се чиста невистина

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека се потврдило она што го говореле и дека изјавите дека пратеник бил киднапиран се чиста невистина.

„Лагите на Мицкоски и Апасиев и нивните обиди да ја закочат земјата не проаѓаат во Собранието и тоа е добрата вест.

Ја поздравуваме најавата на господинот Кастриот Реџепи, мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.

СДСМ е отворена за соработка со сите демократски сили и пратеници, заедно да обезбедиме продолжување на напредокот на земјата.

Стабилноста на земјата е обезбедена. Народот може да биде спокоен“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он