СДСМ: Се грижиме за дијаспората, мотивираме соработка

Од:

Денеска во Брисел, на средби со наши државјани кои живеат и работат во Белгија се членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џафероски.

На средбата се разговара за актуелната политичка состојба во Македонија, за фокусираноста на СДСМ за организирање и одржување регуларни избори во декември, како и за Планот за Македонија со којшто СДСМ по изборите ќе обезбеди добар живот за сите.

Пораката на присутните граѓани од дијаспората, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, на денешната средба со претставниците на СДСМ во Брисел, е стабилна Македонија, економски развиена и со институции што се грижат за сите граѓани подеднакво, како за оние кои живеат во државава, така и за оние кои се на привремена работа во страство.

Адеми и Џафероски објаснија како СДСМ планира да го подобри животниот стандард и да мотивира живот во Македонија. Соопштија и повеќе мерки со кои се отвора шанса за граѓаните кои заминале од Македонија да можат да се вратат. Една од нив е директна поддршка од државата на третина од инвестицијата на повратник од странство, ако со неа бидат вработени најмалку 10 лица.

На средбата се разменети идеи и размислувања со припадниците надијаспората околу нивната важна улога во обнова на државата по изборите на 11 декември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни