А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Се докажува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја има истата криминална матрица на нивниот ментор Груевски

by А1он01/11/2018 - 11:05118
Share0

„Спрегата помеѓу криминалите на Никола Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Хидро Мицкоски излегоа на виделина.

Добивај вести на вибер

Пионот Мицкоски, преку неговата „Енерготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и државно земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски.

Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески.

Димитар Димовски поседува земјиште во Берово од над 14 илјади квадратни метри, а негов прв сосед е токму Миле Јаниакиески кој има парцела од над 16 илјади квадратни метри.

Двете парцели, од вкупно над 30 илјади квадратни метри порано биле сопственот на Република Македонија.

Молкот од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги сокрие врските на актуелното антизападно раководство предводено од Хидро Мицкоски со Никола Груевски и неговиот соработник Јанакиески.

Се докажува дека актуелното антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени и затоа тоа отворено работи против интеграција во ЕУ и НАТО“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто