СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта

Од:

СДСМ и коалицијата ја започнува кампањата со јасна порака: ова е борба за нашиот заеднички дом, Македонија. Речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде целата централна власт и четири години локална власт, граѓаните се сведоци на неспособност, корупција, расипништво ароганција. Наместо економски развој, има застој, платите стагнираат а стандардот на граѓаните опаѓа. Наместо правда, има партизација и селективност. Наместо грижа за граѓаните, гледаме расипништво и трошење на јавните пари за лични привилегии на функционерите на власта, велат од СДСМ.

„СДСМ и коалицијата настапуваат со чесни и компетентни кандидати за градоначалници и советници, луѓе со интегритет, со програми кои нудат реални и остварливи решенија. Овие избори се помеѓу лагите и расипништвото на сегашната власт и борбата за чесност, солидарност и достоинство. Избор помеѓу партизацијата и заробените институции, или враќање на власта во рацете на граѓаните. СДСМ ја презема обврската и одговорноста да биде движење за слобода, правда и еднаквост. Нашиот дом е Македонија и ние ќе се бориме за него, за сите граѓани, за сите општини, за иднината на државата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО