СДСМ: Ромевски ќе го прогнозира времето или дипломатските односи?

Од:

Назначувањето нов директор на Управата за хидрометеоролошки работи претставува уште еден срамен удар врз професионалноста и независноста на државните институции, реагира СДСМ.

„Република Македонија е веројатно единствената држава во светот чија што Управа за хидрометеоролошки работи ќе ја раководи кадар без соодветна стручна подготовка, односно политиколог по меѓународни односи и дипломатија! Дали Оливер Ромевски можеби ќе ги прогнозира меѓународните или дипломатските односи на Република Македонија?“, прашува денеска СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека Управата за хидромеоторолошки работи е исклучително важна за многу сегменти кои се од витално значење, како земјоделството, животната средина, водостопанството.

„Што било пресудно Ромевски од ГРОМ, коалициски партнер на Никола Груевски, да биде избран на оваа позиција? Дали власта на Никола Груевски смета дека кулинарските афинитети на Ромевски се доволна дополнителна обука за директор на ваква институција?“, сметаат во СДСМ и додаваат дека Груевски, заедно со коалициските партнери, продолжува со партизацијата на државните институции и нивно полнење со несоодветни партиски кадри.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ