СДСМ: Ристовски да го казни делењето на студентските легла по партиски клуч

Од:

Министерот Спиро Ристовски наместо да упатува празни апели и повици до надлежните за фер распределба на местата во студентските домови, треба да преземе конкретни мерки за спроведување на законска и транспарентна постапка, реагираат од најголемата опозициска партија СДСМ по прес конференцијата на министерот за образование, каде тој им порача на управителите во студентските домови коректно да ги распределуваат студентските легла.

Според СДСМ, изјавата во која министерот ја префрла одговорноста на управителите на домовите и на комисиите, отвора сомнеж дека и годинава студентските легла ќе се делат по партиски клуч, сметаат од таму. Од партијата бараат владата да го прекине партизирањето и на студентските домови и изборот на студентите кои имаат најголема потреба од легло во домовите да го направи со компјутерска селекција како во сите современи земји во светот.

„Ако власта е искрена во определбата за транспарентност, тоа може да го направи едноставно, користејќи современи софтверски решенија за распределување на студентските легла. Со години јавноста е сведок дека распределбата на леглата во домовите се одвива исклучиво во интерес на партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но до сега, за ова, никој не е санкциониран ниту разрешен“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ