СДСМ: „Резултатот“ на Груевски се 34.441 помалку ученици

Од:

„Во светот на виртуелни инвестиции и виртуелни вработувања, Никола Груевски сака да ги стави и училиштата.

Никола Никола сака да се фали со изградба на основни училишта, а граѓаните знаат дека поголем дел од основните училишта се изградени со средства од фондовите на меѓународните развојни агенции и фондови.

Бројките кои ги цитира Груевски се лажни како и нивните политики во образованието.

Но, овие реални бројки го покажуваат „резултатот“ од погрешните политики на Никола Груевски: од 2007 до 2014 година бројот на ученици во основните училишта се намалил за 33.441 ученик!

Ова се официјални податоци од Државниот завод за стастистика.

Тоа е поразителната вистината, со Никола Груевски во Македонија се намалува бројот на ученици!

Дополнително, неколку згради не може да го надполнат она што е највредно – знаењето.

Целиот образовен систем е пред колапс. Законските решенија кои беа носени преку ноќ, придонесоа за урнисување на образованието.

Досега требаше за сите деца и во сите училишта да се обезбедат услови кои овозможуваат исти стандарди за образование и стекнување со знаење. Колку што е повисок квалитетот на образованието толку се поголеми шансите за прогрес и просперитет на едно општетсво. Ама за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски најбитни беа тендерите и матните зделки.

Наместо инвестиции во образованието, во нови училишта Никола единствено мислеше на неговите парцели на Водно, провизиите, очилата од 60 илјади долари, мерцедесот од 600 илјади евра…

На сето ова му доаѓа крајот.

По победата на 24-ти април Владата на СДСМ ќе изгради систем во кој наставниците ќе се почитуваат, учениците ќе напредуваат а родителите ќе знаат дека нивните деца ќе добијат квалитетно образование“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски