СДСМ: Режимот да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите

Од:

„Режимот на Никола Груевски веднаш да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите.

СДСМ и целата демократска јавност најостро го осудуваат однесувањето на полицијата на Чавков и приведувањето на демонстрантот, само затоа што носел транспарент што не му се доаѓал на режимот.

Бараме приведеното лице веднаш да биде ослободено.

Со овој чин режимот на Никола Груевски уште еднаш ја покажа својата нервоза, паника и страв од граѓаните.

Избезумен од силата, решителноста, упорноста и масовноста на граѓаните коишто се борат за враќање на слободата, демократијата и правдата низ улиците и плоштадите ширум Македонија, Никола Груевски ја злоупотребува полицијата за да креира инциденти.

Приведување на граѓани што протестираат достоинствено, само затоа што носат транспратенти е недозволиво. Демократскиот свет не познава такво нешто.

Дополнително полицијата на Чавков дозволи физички да биде нападнато лице коешто протестираше од страна на пара милитантни структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Во страв од граѓаните, во страв од соочување со одговорноста за криминалот и целокупното зло што им го нанесе на граѓаните Груевски се обидува да го турка народот во инциденти и конфликти, еден против друг.

Прочитан е Никола Груевски. Ниедно сценарио за конфликт нема му успее и нема да го спаси.

Ќе одговара Никола Груевски и пред законите и пред граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски