СДСМ: Ременски никогаш не била член на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Потпретседателката Фросина Ременски никогаш не била член на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш лично нема потпишано пристапница во оваа партија. Паниката кај Никола Груевски од стручните, професионални и одговорни кадри на СДСМ со денови станува се поголема, велат од СДСМ.

Груевски знае дека преземањето на контролата над власта од страна на граѓаните значи демонтажа на неговото погрешното владеење коешто им одзема 10 години живот на граѓаните.

Толку е големо незадоволството и разочараноста на членовите на ВМРО-ДПМНЕ што чесните луѓе масовно го напуштаат Никола Груевски секој ден. Сите граѓани знаат многу добро дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го напуштаат Никола Груевски.

Никола Груевски тоне. Се ближи 24-април и доаѓањето на слободата. Тоа го плаши Груевски. Секој изминат ден го зголемува неговиот страв од соочување со одговорноста за целокупниот криминал изминатите 10 години.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија