СДСМ: Регулаторната комисија да ги повлече правилникот и новите тарифници за струјата и парното

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара Регулаторната комисија за енергетика да ги повлече донесениот правилник и тарифниците за цената на струјата и парното греење.

Поскапувањето на струјата од 10 отсто втор пат оваа година, неизбежно ќе биде силен удар врз граѓаните и фирмите, а заедно со поскапувањето и на бензините директно ќе влијае на зголемување на цените на храната и останатите основни производи неопходни за да се преживее, рече на денешната прес-конференција Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Од партијата реагираат и на укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата која важеше од 13 до 16 часот.

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не се оправдува со наводната независност на комисијата и јавно да се приклучи кон барањето на СДСМ. Доколку нашиот апел не биде прифатен, најавуваме дека ќе ги искористиме сите расположливи демократски мерки, додаде Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски