СДСМ: Регулаторна да ја намали цената на струјата до 30 отсто или ќе биде соучесник на фамилијата

Од:

„СДСМ ја предупредува Регулаторната комисија за енергетика да не помисли да излезе со фарсично намалување на цената на струјата од 0,33 проценти како минатата година!

Постои реална можност за намалување на цената на струјата до 30 проценти!

Од лани е намалена цената на електричната енергија на регионалните берзи. Граѓаните веќе со месеци натплаќаат струја бидејки не е направено усогласување.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика мора да заборави дека е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и да се посети дека Комисијата има обврска да ги штити интересите на граѓаните, а не на фамилијата на власт, која се богати преку ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО.

Регулаторната комисија за енергетика е должна да пресече дека апсурдни 14 милионски рајски градини, мајмуни и желки, милионски ски центри, барокни фасади, скапо братучедско СГС обезбедување… не смее и нема да ја формираат цената на струјата!

Од 2006 година до денес цената на струјата поскапе за речиси 100 проценти!

Ланското замижување на Регулаторната комисија за енергетика за мегаломанските трошоци на енергетските компании придонесе граѓаните и натаму да плаќаат високи сметки за струја, додека МЕПСО оствари профит од 11.5 милиона евра, а ЕЛЕМ стана државна компанија со најголем приход.

Доколку Регулаторната комисија за енергетика продолжи да слугува на власта на Никола Груевски, добро е да бидат свесни дека заедно со неа ќе ја понесат одговорноста за злоупотребите врз граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот