СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Од:

Власта и понатаму се обидува да има главна улога и влијание во правосудството и да го држи во партиски стеги.За тоа сведочи фактот дека упорно и свесно се доцни со спроведувањето на активностите од реформската агенда и секторската развојна стратегија за правосудство (2024-2027), каде што се предвидени јасни чекори, прецизни рокови и конкретни пари од ЕУ преку Планот за раст, рече снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

– Само за потсетување, до јуни 2025 година, согласно реформската агенда, треба да бидат донесени следниве законски измени: Закони кои ги регулираат платите на судиите, обвинителите, судската и обвинителската служба – за што ЕУ предвидува над 2 милиони евра, Нов закон за Судски совет во кој ќе бидат инкорпорирани препораките на Оценската мисија – за кој се предвидени се над 6 милиони евра, измени во Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за предвидени над 4 милиони евра. итн. Од предвидените реформски закони, Министерството за правда, стави само четири на ЕНЕР, а тие допрва треба да ги усвои Владата, па да достават и до Собранието. Зошто министерот Филков толку го одолговлекува реформскиот процес, иако рокот е до јуни. Конечно, и покрај свесното пролонгирање на реформскиот процес, и покрај фактот дека не ги проследува наводно изготвените законски решенија, ние согласно лидерската средба меѓу Претседателот на Владата Мицковски и Претседателот на СДСМ Филипче, сепак, остануваме максимално конструктивни и во интерес на државата, и затоа денеска ги поднесовме и архивиравме нашите коментари на единствените закони кои тој ги ставил на ЕНЕР. Ние за нив имаме сериозни забелешки но и конкретни предлози за нивно подобрување, вели Калевска Ванчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски