СДСМ: Референдуми на непосточеки теми нема да го спасат ВМРО-ДПМНЕ од пораз на локалните избори

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту еден референдум за непосточеки прашања нема да го спаси ВМРО-ДПМНЕ од тешкиот пораз што ќе го снајде на локалните избори кога граѓаните ќе го казнат за досегашното криминално, расипничко и антидржавно функционирање.

Граѓаните ги препознаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека населувањето и вдомувањето на бегалци, постои само во пропагандата на Никола Груевски. Македонија беше и ќе продолжи да биде земја транзит за бегалци, а најдобар доказ за тоа е тоа што досега низ Македонија имаат транзитирано над 1 милион бегалци, а од нив само 15 лица останале на привремен престој во државата.

Референдумите се врвна демократска вредност и треба да се користат за клучни прашања од интерес на граѓаните, а не за измислиците и лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

За да се докаже апсурдноста и бесмисленоста на пропагандата на Груевски, СДСМ веќе јавно соопшти дка ќе гласа За на претстојните референдуми кои случајно или не, се организираат само во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ знае дека убедливо ќе загуби.

Но, никој нема право да ја спречува слободата на политичкото изјаснување на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни