СДСМ: Референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее

Од:

Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме. Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Европскиот процес до полноправно членство сите политички партии кои и мислат добро на државата, на граѓаните го поддржуваат. Само Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев се против ЕУ, се вели во писмената реакција на СДСМ по денешниот став на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ. Откако пропаднаа сите негови лаги за бугаризација и асимилација, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа и не гласаа против во Собранието. Сега Мицкоски сака одговорноста за неговите неуспеси да паднат врз неговите членови.

На погрешен начин Мицкоски бара спас за својата фотелја, со нови обиди да ја закочи државата и да го блокира членството во ЕУ.Референдум против ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните и нема да успее.

Иницијатива против ЕУ нема поддршка ниту од опозициските партии, а поделени ставови има и во самата ВМРО-ДПМНЕ каде што јакне проевропското крило, кое не мисли исто како Мицкоски и сака да го поддржи европскиот пат на земјата.Особено што Мицкоски не е искрен и ги лаже своите членови, исто како што ги лаже и грѓаните.

Потврда е неговата изјава на средба со поранешниот премиер, Бојко Борисов каде јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија.Државата нема да застане, Мицкоски не може да ја закочи. Враќање назад или остапување од европскиот пат нема да има. СДСМ, заедно со граѓаните и сите проевропски партии тоа нема да го дозволат“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа