СДСМ: Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не постои МВР

Од:

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е класичен доказ дека нема Министерство за внатрешни работи. ВМРО-ДПМНЕ е МВР, порача СДСМ во својот одговор на реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Фросина Ременски.

„СДСМ на прес конференцијата побара Јанкулоска да престане со партиските притисоци и таа и МВР да го остават Јавното обвинителство да ја води истрагата. Според Законот за кривична постапка, задолжено за водење истрага за сомнежи за криминал е Јавното обвинителство. Но во име на МВР се огласи ВМРО-ДПМНЕ. Цитираме: „СДСМ ни вика не ги гледајте фотограграфиите и видеото.“ СДСМ никаде не ја спомена ВМРО-ДПМНЕ туку побара од Јанкулоска да не се става над Јавното обвинителство, коешто има должност да ја води истрагата“, стои во реакцијата од СДСМ, која порачува дека одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е доказ за директно партиско влијание врз институциите и процедурите од страна на Гордана Јанкулоска.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ обвини за замајување и концепт на манипулации како одлика на СДСМ.

„Откако материјалите околу кои СДСМ се обиде да изгради случај наидоа на потсмев на социјалните мрежи и во пошироката јавност, денес СДСМ ни вика не ги гледајте фотографиите и видеото, туку институциите да се фокусираат на нешто сосема друго.
Денес СДСМ не повикува да не ги гледаме снимките и воопшто да не се обрнува внимание на нив, демек снимките сега не се важни, а всушност самите тие ги пласираат преку своите медиуми. Ова говори за нивниот аматеризам, но и за концептот за работа на СДСМ, концепт на манипулации“, стоеше во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?