СДСМ: Разоткривање на кујните на ДПМНЕ, дел 3: Напади исто како во времето на Груевски!

Од:

СДСМ веќе го покажа системот по којшто кујните на ДПМНЕ пласираат лажни вести, манипулации и напади врз опозицијата и претседателот Филипче. Секогаш кога власта е фатена во криминални тендери, во скандали, во договори со мигранти, посегнува по дефокусирање на внимаето на јавноста и со пласирање текстови со напади врз опозицијата, велат од СДСМ.

„Денеска објавуваме уште еден доказ дека кујните на ДПМНЕ функционираат исто како во времето на Никола Груевски. Дури и истите наслови за напади на СДСМ и новото раководство ги користат. „Заев го објави тимот, истите луѓе повторно на клучни позиции“ е објава од 2014 година. „Новото раководство на СДСМ: Нова сила, а всушност стари лица“ е објава од 2025 година. Сè е по сценариото на Никола Груевски и на Вучиќ, copy-paste.

Лажни вести, манипулации, одвлекување на вниманието на граѓаните од главните теми, од криминалот и корупцијата, од договорот мигранти за пари, од противуставната Резолуција, од катастрофалната економска политика и намерната изолација на земјата надвор од ЕУ. Разоткирени се. Знаеме се. Ова нема да им помине, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски