СДСМ: Растот на извозот и платите покажува дека македонската економија е стабилна и ликвидна и во време на светска економска криза

Од:

Растот на извозот и платите покажува дека македонската економија е стабилна и ликвидна и во време на светска економска криза. Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија, тврдат од СДСМ.

„Навремените и ефикасни економски политики даваат резултат, последен показател за тоа се податоците од Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Тоа е доказ дека македонската економија и стопанство се конкурентни и во време на светска енергетска и економска криза. Истовремено, покрај извозот растат и платите. Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 отсто повисока во однос на истиот месец од 2021 година.

Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната. Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни