СДСМ: Рајска градина ќе беше Аеродром ако 14 милиони евра се инвестираа за граѓаните

Од:

„Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните на Аеродром.

Своето 10 годишно расипничко трошење на парите на граѓаните, градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, решил да го заврши со рајска градина со мајмуни и желки, вредна 14 милиони евра.

Додека ЕЛЕМ молчи поради кои аргументи одобриле да се потрошат 14 милиони евра за Рајската градина, градоначалникот Коневски треба да одговори на граѓаните на Аеродром:

Зошто наместо за рајска градина не се искористат овие 14 милиони евра, пари на граѓаните, за да се направат 6 нови градинки во Аеродром?

Или да се инвестираат за 3 нови училишта?

Каква ли рајска градина ќе беше Аеродром ако со овие 14 милиони евра, се направеа 6 нови градинки или 3 училишта?

Каква ли рајска градина ќе беше Аеродром ако со овие 14 милиони евра ако се изградеше културен центар, општинска зграда?

Каква ли рајска градина ќе беше Аеродром ако со овие 14 милиони евра ако приоритет беа интересите на граѓаните?

Во својот 10 годишен мандат, Коневски работи само во интерес на своите тендер политики, штитејќи бизнис интереси на Никола Груевски и фамилијата, а на штета на граѓаните.

Завршува времето на „тендер„ политки и бизнис интереси. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ!

Граѓаните ја враќаат правната држава во свои раце, а сите кои учествувале во злоупотребите врз нив ќе понесат одговорност“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?