СДСМ: Противпожарната бригада има гориво за уште неколку денови, загрижувачка е неспособноста на Арсовска

Од:

„Секојдневно на виделина испливува неспособноста на Данела Арсовска. Според јавно достапните информации Противпожарната бригада има гориво за само уште една недела. Ваквата неодговорност е загрижувачка, затоа што се работи за основен ресурс на еден од најважните сервиси на Градот“, соопшти СДСМ.

„Во ваква ситуација може да дојде до попречување на редовното функционирање на противпожарната бригада со што во опасност може да се доведе општата безбедност и здравјето на граѓаните.

Поради неспособноста на Арсовска, претходно Град Скопје остана без принтери, а неколку денови граѓани на цели општини останаа без јавен превоз затоа што Град Скопје не им плаќаше на приватните автобуски превозници.

Скандали, неработа и неспособност, тоа ги одбележа првите седум месеци од мандатот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска е дефинитивно најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје и едно од најголемите разочарувања за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања