СДСМ: Протестите не беа против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на Владата

Од:

„Протестите на антиевропската коалиција предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица не беа против последниот европски предлог туку нивната заднина беше неуспешен обид за рушење на Владата“, соопшти СДСМ.

„Сега кога информацијата за европскиот предлог е во Собранието, сите тоа јасно можат да го видат.

Крвавите сценарија со намерно создавање тензии, конфликти, загрозување на стабилноста во државата се всушност борба за гола власт.

За свои лични цели, Мицкоски заедно со Апасиев беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Не успеја овие сценарија кои беа помогнати и од Алијанса.

Сега е одговорност на Собранието и избраниците на граѓаните да донесат одлука за иднината.

Сите политички чинители во државата сега треба да покажат одговорност, да придонесат важната државна одлука да биде донесена во демократска атмосфера.

Сериозни времиња бараат одговорни политичари.

Наместо насилство и дестабилизација да избереме хармонија и просперитет, во спротивно губитник е Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски