СДСМ протестира против непрофесионалноста на Македонската Телевизија

Од:

Социјдемократскиот сојуз упати официјален протест против МРТВ за нивниот непрофесионален, игнорантски и провладин третман на информациите што јавниот сервис ги објавува за СДСМ. Ова е нивното интегрално соопштение:

Сакаме да укажеме дека националниот сервис, Македонската радио телевизија, јавните настапи од СДСМ ги третира спротивно на законската обврска за неселективност и на новинарските стандарди.

За прес конференциите на СДСМ, изјавите, реакциите, соопштенијата и настапите на пратениците на СДСМ во Собранието, не се издвојува соодветно време и простор со што би се обезбедила еднаквост на политичките субјекти во РМ.

Посочуваме дека МРТ има законска обврска да биде независна од кој било центар на моќ или влијание. Во Законот за радиодифузна дејност јасно е наведено дека:

„Заради остварување на јавниот интерес МРТ е должна да обезбеди програмите што се произведуваат и емитуваат да бидат заштитени од какво и да е влијание на власта, политички организации или центри на економска моќ“.

Во него и се утврдува дека:

„МРТ е должна при создавањето и емитувањето на програмите да ги почитува професионалните принципи и на различните интереси во општеството да им обезбеди рамноправен пристап, да се залага за слободата и плурализмот на изразување на јавното мислење…“.

Потсетуваме дека јавниот радиодифузер МРТ, како сервис што се финансира од граѓаните, треба да им служи на граѓаните, а истото е единствено можно преку плурализам во пласираните ставови и информации и запазување на новинарскиот принцип „задолжителна втора страна“.

Од тие причини СДСМ бара доследност во информирањето на МРТ, согласно Законот и професионалните новинарски стандарди во врска со известувањето за опозицијата.

Очекуваме во иднина националниот сервис МРТ да го корегира својот однос кон јавните настапи на Социјалдемократскиот сојуз.

Центарот за комуникации со јавност на СДСМ е отворен за соработка и ви стои на располагање за какви било информации, прашања или предлози што ги имате.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга