СДСМ: Просветниот инспекторат да се изјасни за скандалот со анкетата

Од:

Петти ден молк во Просветниот инспекторат по скандалот што се случи во училиштата во општина Аеродром, кадешто на деца и ученици им беа поделени анкети со прашања за работата на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ.

„И народниот правобранител ја осуди постапката и инволвирањето на децата во општинските анкети и нивна злоупотреба за политичко агитирање, а Просветниот инспекторат се уште молчи. Просветниот инспекторат мора да реагира и секој што го прекршил законот да сноси одговорност. Анкетата којашто беше разделена во училиштата во општина Аеродром е недозволива партизација на образовните институции и злоупотреба на децата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто Просветниот инспекторат се уште не се изјаснува по скандалот со анкетата во училиштата во општина Аеродром?“, прашува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните