СДСМ: Промените брзо ќе се случат, ќе има живот и напредок!

Од:

„Огромното мнозинство граѓани кои на 11 декември гласаа за својата и за иднината на своите деца, ги очекуваат промените.

Парламентарното мнозинство е формирано со 67 пратенички мандати од околу 700.000 граѓани.

Во следниот период, многу брзо граѓаните ќе ја добијат својата Влада според Деловникот, Уставот и законите.

Новата Влада ќе се грижи за нивните реални потреби и за држанвите интереси и тоа е врвен приоритет што ќе се оствари.

Работниците ќе добијат покачување на минималната плата на 12 илјади денари во првата година, а таа ќе порасне до 16 илјади денари на крајот на мандатот на новата реформска Влада.

Просечната плата ќе се качи до 500 евра.

Ќе се намалат нивните животни трошоци.

Граѓаните ќе плаќаат помалку пари за електрична енергија, бидејќи ќе се врати евтината дневна тарифа од 2 часа секој ден и преку целиот викенд и сабота и недела.

Учениците нема да имаат стресови бидејќи нема да полагаат екстерно тестирање, а наставниците нема да има апсурдни казни.

Граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса.

Секој граѓанин ќе добива назад по 15 проценти од ДДВ-то наплатено во фискалните сметки.

Семејствата ќе имаат повеќе пари.

Македонија ќе напредува кон ЕУ и НАТО.

Граѓаните знаат дека сето тоа го овозможува Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија.

Затоа сите се должни да овозможат мирен трансфер на власта сппред волјата на граѓаните.

Промените многи брзо ќе се случат, за заеднички животот на сите граѓани во Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ