СДСМ: Програма има, ќе има и гаранции, веднаш да има и мандат!

Од:

„Граѓаните и целата домашна јавност, како и меѓународната заедница отворено и јасно се запознаени со Програмата на новата реформска Влада која што ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атлантски интеграции.

Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов Програмата на новата Влада и тоа ќе го направи.

Но врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи согласно Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат за цел обид за заштита на Никола Груевски од правдата и веднаш да го додели мандатот за состав на нова Влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата.

Секое спречување на мирен трансфер на власт и секое попречување на легитимното парламентарно мнозинство да формира Влада е противуставно дело кое е казниво со закон.

Укажуваме дека е неопходно сите да се вклучат во демократските процеси за напредок на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски