Петров: Лекарите не се маркетин агенти

Од:

„Лекарите не се трговци на мало, ниту пак маркетинг агенти. Опасно е да се става настрана искуството, едукацијата и научниот пристап, и квалитетот да се замени со квантитет. Ставајќи ги лекарите под норма се создаваат услови да се врши притисок врз вработените во јавното здравство. Наместо да се бават со притисоци врз лекарите нека поведат сметка зошто во болницата во Отешево, 6 дена болните со шишиња вода од езерото носат за задоволување на основните хигиенски потреби, бидејќи нема вода во болницата“, рече на прес конференција, Андреј Петров.
Во проектот „плата по учинок“ всушност се крие обидот на мала врата да им се намалат платите на лекарите, рече Петров.
Незадоволството, вели, ескалира во неколку здравствени установи,лекарите креваат глас против оваа квазиреформа на министерот Тодоров.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски