СДСМ: Продолжуваат невистините и измислиците на медиумските курири

Од:

„Се докажа дека континуираните медиумски хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

„Курир“ пред шест дена ги призна грубите лаги и му се извини на потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски.

Извинувањата од куририте се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Иако речиси секој ден се потврдуваат невистините и измислиците на медиумските курири тие упорно објавуваат нови.

Очигледна е нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири со што покажуваат дека најголем страв имаат од вистината.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести и лагите објавени од ова гласило. Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.

На „Курир“ не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики. Не се пренесуваат изјави, соопштенија, ниту реакции од СДСМ.

Дополнително, воопшто не се пренесуваат ниту официјални прес конференции на државните институции и министерствата на коишто се објавени сериозни злоупотреби од страна на ВРМО-ДПМНЕ.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда