СДСМ: Проблемот во Аеродром го создадоа ВМРО-ДПМНЕ и Коневски, СДСМ е на страната на граѓаните

Од:

„Токму ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски го создадоа проблемот во општина Аеродром.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешниот градоначалник, Ивица Коневски, го изгласаа и усвоија спорниот Детален урбанистички план. Спротивно на волјата и потребите на граѓаните со тој план се предвидува уништување на зеленило и никнување згради, карактеристично за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на СДСМ во Советот веднаш се спротивстави на оваа одлука.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да повикува на запирање на спроведување на ДУП И10, план што токму ВМРО-ДПМНЕ го донесе ненајавено и без никаква јавна дебата.

СДСМ и тогаш и денеска е на страната на граѓаните, во заштита на зеленилото, интересите на граѓаните и ред во урбаното планирање.

Ставот на СДСМ против изградба на зграда пред Мајчин Дом во Аеродром и заштита на зеленилото и тогаш и сега останува ист, како и со ставот на граѓаните. Ги подржуваме граѓаните и ги повикуваме да бидат гласни, заедно да се најде решение на овој проблем што го создаде ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека локалната самоуправа во Аеродром како и во многу други општини во Скопје и Македонија наследи огромни проблеми.

Но, со посветена работа се надминуваат напластените проблеми.
Поднесени се повеќе иницијативи до надлежните судски органи за спорниот ДУП и се работи на решение.

Како што веќе објави градоначалникот на општина Аеродром, денеска е издадено решение за стопирање на градбата пред Мајчин Дом. Градбата е стопирана и започнува процес на барање решение низ дискусија, заедно со граѓаните, со инвеститорот и со Град Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени