СДСМ: Притисоците врз ученици се кривично дело

Од:

„Недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело!

Најостро ги осудуваме притисоците како тој на директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, кој денеска, како што можеше да се види од видеото кое што излезе во јавноста, прави притисок врз ученици да протестираат. Институциите се должни веднаш да реагираат.

Новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?