СДСМ: Примитивизмот на ДПМНЕ говори за нив и ја покажува нивната нервоза на почеток на кампањата

Од:

Примитивизмот на ДПМНЕ е за осуда но тоа говори за нив и нивната режимска матрица. А навредите кон секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв вицепремиер само ја покажува само нивната нервоза. Нервозни се затоа што немаат поддршка на митинзите, ниту успеа да соберат потписи за Силјановска, се вели во писмената реакција на СДСМ.

– Затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Затоа што немаат план за иднината на државата, немаат понуда пред граѓаните и се против Европската Унија. Тоа е истата режимска, криминална партија од минатото и вакви навреди може да очекува секој нивен политички противник. А Маричиќ е синоним за проевропски политичар. Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?