СДСМ Прилеп: Во недостиг на реализирани проекти ДПМНЕ продолжува со валкани и црни сценарија

Од:

„Во недостиг на реализирани проекти, со цел да ја покриете вашата безидејност и криминалот на кој моментално патрон е ДПМНЕ, продолжувате со валкани и црни сценарија. Дувлото на режимот, скривалиштето на криминалците кои ги раскрчмуваат народните пари е жолтата куќа на ДПМНЕ“, велат од СДСМ Прилеп, на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму таму, стои во реакцијата, е изворот на диктатурата од каде доаѓаат наредбите за пари да се тепа сопствен народ, да се хушка брат против брат, само за фунционерите на ДПМНЕ да имаат прилика за луксузирање и трошење на пари од народот.

„Народот се освести! Народот тргна и запирање нема! Тендерашите ќе паднат! Режимот ќе биде скршен! Отпорот ќе продолжи! Слободата и демократијата повтортно ќе ги вратиме во државата! Македонија над се!“, завршува реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?