СДСМ Прилеп: На кого каде му е местото, одговорија граѓаните на општина Прилеп

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, како партија има најмалку кредибилитет да зборува за државност, затоа што нејзиниот лидер и Премиер во заминување, Никола Груевски, ја претвори Македонија во земја на самоволието, во која тој и малата криминална група околу него со години неказнето влегуваат во криминални, коруптивни зделки, ја злоупотребуваат својата моќ и се над правото, Уставот и законите на Република Македонија.

На кого каде му е местото, денес одговорија граѓаните на општина Прилеп, за кои ниту лошите временски услови не беа пречка, масовно да го посетат традиционалниот граѓанскиот собир во село Селце, на којшто присуствуваше и претседателот на СДСМ, Зоран  Заев.

Граѓаните, земјоделците, стопанствениците од прилепскиот регион порачаа дека им е доста од политиката на казни, уцени и притисоци, политика со која власта на ВМРО ДПМНЕ го осиромаши народот и ги избрка младите во странство“, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Прилеп, на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски