СДСМ Прилеп: Млади од ДПМНЕ гласајте за Хари Локвенец

Од:

СДСМ Прилеп реагира на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваат младите, доколку имаат барем малку почит кон себеси, и ако слушнале за изреката„светот останува на младите“, а во име на сите млади од Прилеп, да му одржат лекција по економија на Марјан Ристески . Негово најголемо економско достигнување е, посочуваат што си ја вработи сопругата на економски факултет.

Посочуваат, Прилеп е Општина со најголема стапка на невработеност во Р.Македонија. Стапка која во последните 8 години во континуитет се зголемува, за да во моментот изнесува 41% невработени.

-Прилеп е Општина со најмалку странски и домашни инвестиции во Р.Македонија, сметано по глава на жител.

-Прилеп е Општина со најголем број и процент на иселени млади до 29 годишна возраст, во Р.Македонија. Истовремено е Општина со најголем број невработени млади до 29 годишна возраст. Официјално околу 7.000, а реално многу повеќе. Во проценти околу 60%.

-Само 4% од младите во Општина Прилеп работат на позиици со соодветно образование. Тоа значи, со факултети и магистратури работат како келнери и таксисти.

„Затоа, млади од ДПМНЕ, покажете барем малку грижа за иднината на Прилеп и гласајте за Хари Локвенец.

– Успешен и докажан човек, кој со реални и остварливи проекти ќе се избори за достонствен живот и стандард за сите. Заокружете го бројот 42. Тоа ќе го направат најголем дел од младите во Прилеп, вклучително и многу ваши сопартијци. Време е за промени, развој и прогрес“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември