СДСМ Прилеп: Јанакиески во сите „случајности“, „случајно“ си ги заборави и роднините

Од:

„Министерот Миле Јанакиески во сите “случајности“, “случајно“ си ги заборави и роднините.

Јанакиески, затекнат од `се што се најде во неговата куќа и скандалите што се проширија, одби да говори за роднинската врска со Бобан Синадиноски директорот на фирмата ПЕЛА ТРАНС. Разбирливо, бидејки оваа фирма неколку години по ред ги добива тендерите за чистење на снегот во Општина Прилеп и што е многу, многу е.

За да се потсети Јанакиески за кој член од неговото семејство станува збор еве самиот нека каже:

Дали семејната куќа на фамилијата Синадиноски порано делела ист двор со куќата на министерот Јанакиески и се наоѓа веднаш до куќата во којашто е седиштето на германската фирма Лудвиг Фајфер?

За да се потсети Јанакиески што “случајно“ има со општина Прилеп, го повикуваме министерот да каже:

Дали “случајно“ заборави на роднинската врска и блискост со Ицко Чупаркоски, раководител на одделението за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Прилеп?

Прилепчани очекуваат одговори“, велат од СДСМ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија